(ВИДЕО) Џафери го подбра Ѓорчев: Ако можеш да ги издржиш личните навреди, повели, продолжи со навреди

Од:

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери побара од претседателот на комисијата за политички систем, Владимир Ѓорчев да се извини за искажаните надвреди на седницата во петокот.

– Ако мислиш дека ќе вратиме со навреди кон македонците, се лажеш. Но, ако можеш да ги издржиш личните навреди кон тебе, повели, продолжи со навреди, рече Џафери.

Ѓорчев на тоа одоговри дека не можел да прифати тоа што косовскиот пратеник учествувал во Шарената револуција во Македонија и дека важно е за стабилноста и иднината на македонската држава ВМРО-ДПМНЕ да има 62 пратеници.

Сепак, тој се согласи со пратеникот на ДУИ и кажа дека тој сака добри односи со Косово.

– Мислам дека Претседателот, премиерот на Косово водат конструктивна политика со која сакаат стабилизација во регионот, рече Ѓорчев.

Џафери кажа дека личната констатација на Ѓорчев во врска со пратеникот во Косовскиот парламент, Албин Курти не прави добро никому. Ако не можете да се контролирате емоционално или пак ве совладува уморот, рече Џафери одморете, за тоа имате заменик претседател на комисијата.

Би можело да ве интересира

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат