Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Од:

Техничкиот премиер Талат Џафери одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа кој дозволи Владата да обрасне со висока трева рече дека тоа е слика која не треба да види никој, но додаде дека тоа е во надлежност на Градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска. Џафери посочи дека тие се незадоволни од неработењето на оваа институција, а од Арсовска незадоволни се и граѓаните што го покажаа резултатите на парламентарните избори.

„Ова не е слика што треба да ја имаме за Владата, но тревата е во надлежност на Град Скопје. Ние не сме задоволни од тоа што дворот е неуреден, но Владата не може да одвои средства за тоа бидејќи тоа не е во наша надлежност. А за Град Скопје и за градоначалничката одговор дадоа и граѓаните, а тоа го покажаа резултатите од нејзината партија во што секако се гледа незадоволството и на граѓаните“, одговори Џафери.

Арсовска со нејзината партија Нова Алтернатива, на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови. Во ИЕ 1 каде што Арсовска беше носителка и ги вклучува сите скопски општини, освои само 1.571 глас, а во ИЕ 2 каде што беа скопските општини Ѓорче Петров и Сарај, таа доби 1.109 гласови.

По оваа изјава, реакција стигна од Арсовска која му порача на Џафери да не манипулира, туку да склучи договор со ЈП „Паркови и зеленило“ ако сака ова претпријатие да му ја искоси тревата.

„На денешната прес конференција во Влада, ВД премиерот Талат Џафери избегнува одговорност и манипулира со некакви процедури само за него познати, лажејќи дека сопственост и надлежност на Град Скопје и ЈП “Паркови и зеленило“ било да се грижи за зеленилото во Влада.

Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува.

ЈП “Паркови и зеленило” ги одржува градските булевари и паркови површини кои се надлежност на претпријатието согласно Закон, а ако сака ВД премиерот Талат од Форино да ги ангажира да работат во Влада за истото треба да си склучи Договор, исто како и секоја друга институција во Македонија“, рекоа од Град Скопје

Би можело да ве интересира

Арсовска: Ќе сум ја дестабилизирала државата – не се глупирајте, ви ги знаеме лагите

А1он

(ВИДЕО) Ганиу исфрли ѓубре пред седиштето на Град Скопје, Арсовска побара да го плати долгот кон „Комунална хигиена“

Горан Наумовски

Општина Чаир вчера во Катастар поднела антидатирано Решение за поништување на легализацијата на спорната заграда, тврди Арсовска

(ВИДЕО) Арсовска: Висар, дечко, те чекаме да дојдеш, имаш направено фалсификат

Горан Наумовски

Гаши: Мнозинството останува стабилно, Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет

Арсовска: За три години спречивме над 150 незаконски обиди за легализации на дивоградби

А1он