Двојно помал бројот на заболени од варичела во Крива Паланка и Ранковце

Од:

Бројот на лица заболени од варичела на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце опаѓа. Со оглед на високата бројка заболени во јануари и февруари, бројот на лица заразени со варичела во март и април е двојно помал.

Според податоците од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошката служба при Центарот за јавно здравје Крива Паланка бројот на регистрирани случаи со варичела или овчи сипаници по прогласената епидемија во јануари, во март изнесувал 40.

– Епидемијата на варичела прогласена во јануари на подрачјето на Крива Паланка и изречените препораки и преземените превентивни мерки придонесоа да се намали ширењето на ова заразно заболување. Од 86 лица во јануари, во февруари е регистриран 61 случај на варичела, додека во март 40 лица, изјави доктор Елена Крстевска од ПЕ на ХЕС Крива Паланка.

Најголем број од заболените се деца на училишна возраст, но има и по некој случај од претшколска возраст.

– Продолжуваме да ја следиме епидемиолошката состојба со оваа инфекција на подрачјето на двете општини и во следниот период. Очекуваме бројот на заболени да се намалува уште повеќе, додаде Крстевска.

Овчи сипаници се заболување кое пројавува општи симптоми една до три седмици пред појавата, а според препораките од лекарите, при први симптоми треба да се консултира матичен лекар за да се потврди или исклучи постоење на болеста. Варичелата е високо-заразно заболување кое се пренесува по аерокапков пат и избегнувањето контакт со останати лица во периодот со осип е најдобра превентива.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка