Двочасовна драма во Скопје по полноќ – пијан човек на нозе ги кренал сите соседи во зградата

Од:

Вчеравечер, околу 1 часот по полноќ, на улицата Рајко Жинзифов во центарот на Скопје, полицијата привела 37 годишен скопјанец кој под дејство на алкохол ги вознемирувал соседите, ги навредувал, пуштал гласна музика, а потоа, откако била повикана полиција, агресивно се однесувал и кон полицајците.

Од МВР за „А1он“ го потврдуваат случајот и велат дека Д. А. под дејство на алкохол агресивно се однесувал кон околината, како и кон полициските службеници, кои, по пријава од соседите, пристигнале на местото со цел да ја утврдат состојбата.

Драмата во близина на Амбасадата на Романија траела два часа.

Неговите соседи реагирале неколкупати барајќи помош од полицијата. Тие се јавувале повеќепати на бројот на полицијата, а реагирале и кај полициското обезбедување на романската амбасада.

„Сè почна со пуштање многу гласна музика, сите преплашено станавме и веднаш излеговме на терасите да видиме што се случува. Забележавме дека музиката доаѓа од соседот и по некое време тој почна да крши внатре во станот и да извикува погрдни зборови за женска личност: ‘к**во една, сè ми зема, младоста ми ја зема, одиш со други, ќе дојдам кај тебе и ќе те убијам’“, рече сведок на настанот.

Според очевидците, тој во својот стан бил со мајка си, која цели два часа се обидувала да го смири, но не успеала.

Закани биле упатени и кон соседите, кои се обидувале да ја спречат драмата.

Од МВР велат дека во моментот се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов