Движењето БЕСА вчера оствари средба во Боговиње и митинг во Тетово

Од:

Во склоп на кампањата за референдумот на 30 септември Движењето БЕСА вчера оствари средба со жителите на Општина Боговиње, а после тоа следеше марширање по центарот на Тетово и митинг пред Центарот за Култура.

На овие собири присутни беа највисоките претставници на Движењето БЕСА, на чело со претседателот Африм Гаши. Претседателот Гаши на својот говор пред присутните граѓани истакна дека гласањето ЗА на референдумот значи отпочнување на преговори за зачленување во Европската Унија.

– Едно силно ДА на референдумот значи да станеме дел од НАТО а со тоа и поголемо присуство на меѓународната контрола во Македонија во борбата против корупцијата, поголем придонес на меѓународната заедница за подобрување на благосостојбата на граѓаните и владеење на правото. Секое поглавје што ќе се отвори во преговорите со ЕУ ќе биде еден механизам кој ние Албанците сме го побарале уште од 90-тите години овозможувајќи на овој начин да се отвори вратата за целосна еднаквост на сите граѓани во Македонија, рече Гаши.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово