Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Од:

Скандалот со вработените во Центарот за социјални работи во Тетово со незаконски исплатени социјални пензии и додатоци за туѓа нега и тоа ретроактивно (кој беше откриен на почетокот од годинава), а во кој беа вмешани еден раководител и неколкумина вработени, продолжува со нов скандал со исплата на социјална пензија на роднина на вработен во Центарот. И покрај тоа што вработените во Центарот кои ги вршеле овие незаконски дејанија, по покрената постапка од Јавното обвинителство и по признание на ВИНА за несовесно работење во службата и биле задолжени да платат по 18.000 денари – истите не само што продолжиле со работа, туку и натаму продолжува злоупотребата на системот. Ова отвора сомнежи дека станува збор за поширока мрежа на злоупотреби и покажува дека или не постои никаква контрола или намерно ваквите случаи се игнорираат од страна на министерот Фатмир Лимани, велат од Левица.

Со ова, министерот Лимани испраќа опасна порака дека злоупотребата на јавните пари и газењето на социјалната правда поминуваат без реални последици. И во двата случаи одговорноста не смее да заврши неказнета.

Левица уште на почетокот на годината укажуваше и алармираше за случајот во Тетово и побара одговори како е можно лица кои самите признале дека несовесно работеле и го оштетиле буџетот да бидат сѐ уште вработени во Центарот. Но, од министерот Лимани не само што не добивме одговор, туку за овој случај имаше целосен молк.

Бараме темелна истрага на овие случаи, како и јавна отчетност со конкретни постапки и санкции за сите инволвирани лица во овој скандал. Несанкционирањето на лицата инволвирани во овој начин на злоупотреба на јавни средства значи преќутно одобрување и соучесништво во криминал и корупција. Социјалната заштита не смее да биде приватен канал за злоупотреба. Додека тоа се случува, секој граѓанин има право да праша: кој навистина ги штити најранливите, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски