Полицијата извести дека две жени од скопски Аеродром вчера побарале полициска помош бидејќи биле нападнати од мажите од кои се разведувале.
Во 8.45 часот во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со М.И.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.9.2024 во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во 9.40 часот во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со К.В.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и упатувал закани на неговата 33 – годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.