Двајца скопјани и еден Бугарин шверцувале десет кила „трева“ во тетовско

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против три лица, двајца скопјани и еден државјанин на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Двајцата скопјани и Бугаринот пред три дена биле фатени како пренесуваат девет и пол килограми марихуана, која се обиделе да ја остават на претходно договорено место за примопредавање на купувачи, соопшти Обвинителството.

„Осомничените на 4 мај 2021 година околу 21:00 часот неовластено заради продажба пренесувале наркотична дрога марихуана со нето маса од 9.417 грама. Осомничените биле во патничко моторно возило „Мерцедес“ со германски регистарски ознаки, заедно со други засега непознати лица кои ги следеле со кампер – комби „Форд“, исто така со германски регистарски ознаки. Откако пристигнале на претходно договорено место, застанале со возилата. Од фордот излегле две засега непознати лица и исфрлиле покрај патот 5–6 црни најлонски вреќи со наркотичната дрога“, велат од тетовското Обвинителство.

На осомничените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ