Двајца повредени и седум приведени по натпреварот Вардар-Шкупи

Од:

Две 15-годишни момчиња од Скопје и Кичево, вчера во 13 и 30 часот, биле физички нападнати од група од 20 до 30 лица, најверојатно навивачи на ФК „Шкупи“, во близина на „Академија Вардар“.

Настанот е пријавен синоќа во 19 часот во Полициската станица – Центар од страна на М.Ж. (73) од селото Сопиште, Скопско и О.К. (45) од Кичево, чиј внук, односно син биле нападнати.

Како што пријавиле во МВР, во наведеното време малолетниците излегле од спортската сала „Кале“ и се упатиле кон „Градски парк“. Во непосредна близина на „Академија Вардар“ забележале дека зад нив се движела групата. При разминување едно лице од групата со тупаница го удрило внукот на М.Ж. во пределот на лицето, додека неколку други лица физички го нападнале синот на О.К., удирајќи го со нозе и раце во пределот на главата и телото. Малолетниците забележале дека едно од лицата имало нож во рака, а повеќе други лица имале метални шипки на расклопување, кои не ги употребиле.

Синот на О.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“, каде му била укажана медицинска помош и му биле констатирани телесни повреди.

Од МВР наведуваат дека претходно, непосредно по случувањето на овој настан, од страна на полициски службеници, кои биле ангажирани да го обезбедуваат фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Вардар“ и ФК „Шкупи“, било интервенирано и во Полициската станица – Центар биле приведени шест лица од Скопје и едно лице од Велес.

Полицијата информира дека вчера во 16 и 50 часот во Скопје, група младинци, најверојатно членови на навивачка група „Комити“, револтирани од приведувањето на нивни членови кои учествувале во нарушување на јавниот ред и мир на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Вардар“ и ФК „Шкупи“, кој се одиграл со почеток во 14 часот на стадионот „Филип 2“ во Скопје, организирани во две групи, почнале да фрлаат камења и други тврди предмети кон објектот во кој е сместена Полициската станица – Центар. Повредени полициски службеници нема и засега не е пријавено оштетување на предмети.

Во врска со настанот во Полициската станица – Центар приведен е А.З. (19) од Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов