Дваесет и четири крвни единици собрани во крводарителска акција во Кавадарци

Од:

Дваесет и четири крвни единици беа собрани во денешната редовна крводарителска акција, која се реализираше во Домот на културата „Иван Мазов Климе” во Кавадарци.

-Во акцијата учествуваа сите оние кои се чувствуваат здраво и ја покажаа својата хуманост со тоа што даруваа крв. Акцијата беше во организација на Црвениот крст Кавадарци и Републичкиот Институт за трансфузија – Скопје, појасни Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвен крст, која ги опфаќа општините Кавадарци и Росоман.
Тој информираше дека годишниот план за крводарување е 1.184 крвни единици, а секоја година ги натфрлуваат плановите и реализираат по околу 1.600 крводарувања. Годинава, досега се собрани околу илјада крводарувања.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење