Два парка и намален број на станбени површини во Лисиче: Општина Аеродром подготви трета верзија на ДУП-от

Од:

Општина Аеродром ја подготви третата верзија на деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче, направена по разгледување на барањата на граѓаните доставени во рамки на анкетата за втората верзија од планот.

Уште еден парк, покрај првиот кој веќе беше предвиден и дополнително намалување на бројот на станбен објекти во Лисиче предвидува третата верзија на планот. Со ова граѓаните кои живеат во овој дел на општината ќе имаат два нови паркови, а за 90% намален број на станбени објекти во споредба со првата верзија на деталниот урбанистички план.

Претходно, општината информираше дека во втората верзија се предвидува и намалување на катноста на станбените објекти кои остануваат.

Причината за изготвување на третата верзија од планот е намерата на општината да ги земе предвид сите прифатливи барања на граѓаните и да изготви план кој ќе биде креирам согласно барањата и интересот на жителите на овој дел од општината, истовремено водејќи сметка за хуманата урбанизација и зелените површини.

Од Аеродром велат дека Лисиче ќе биде модерна населба, со нови паркови и зелени површини. Тие додаваат дека целиот процес на носење на планот тече во отворена и транспарентна постапка, а интересот на граѓаните секогаш е во прв план.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он

Евакуирани се македонски државјани од Израел – попладнево полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје

А1он