Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

Од:

Текот на пристапниот процес, реформската агенда на државата, како и за имплементацијата на Планот за раст биле теми на денешната средба во Брисел на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Муцунски, како што соопшти МНРиНТ, поздравувајќи ја конструктивната и отворена соработка со Европската комисија и нејзините служби, нагласил дека Владата останува целосно ангажирана во остварувањето напредок во интегративниот процес и целосно мобилизирана во исполнувањето на ЕУ реформите и преземените обврски во рамки на Реформската агенда.

Во таа насока бил поздравен и напредокот во повеќе иницијативи што носат конкретни придобивки за граѓаните и економијата, како пристапувањето кон Единствената европска платежна област (СЕПА) и активностите за усогласување со роаминг правилата на ЕУ.

Во разговорот биле отворени и повеќе други актуелни прашања од делот на секторската соработка со Унијата, со фокус на економската интеграција и поврзаноста.

Претходно во текот на денот, министерот Муцунски одржа брифинг со претставниците на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија (КОЕЛА), на кој ја реафирмирал посветеноста на Владата кон европскиот пат, со фокус на испорачување конкретни реформски резултати за подобрување на животот на граѓаните и натамошно усогласување со стандардите на ЕУ.

Муцунски, се наведува во соопштението, направил пресек на тековните активности што Владата ги презема за забрзување на интегративниот процес, нагласувајќи ја неопходноста од јасен, предвидлив и на заслуги заснован пристапен процес, како заеднички интерес и за земјите кандидати и за земјите членки.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски во Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

А1он

Марта Кос: Мојата визија е дека еден ден целиот Западен Балкан да биде дел од нашата Европа

А1он

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат