Два мобилни телефони и компјутер одземени при претресот на домот на Канческа-Милевска

Од:

Два мобилни телефони, приватниот и еден кој ѝ бил даден од Собранието и го користела половина година, одзеле денеска истражителите на СЈО од домот на ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска. Одземен ѝ бил и компјутерот на нејзиниот син.

За време на претресот, со наредба за одземање предмети на СЈО потпишана од судија на претходна постапка од кривичниот суд, Канческа била присутна и соработувала со полицијата. Информацијата за претресот ја потврдија нејзините адвоката Сашо Дукоски и Еленко Миланов. Неофицијално, станува збор за нов предистражна постапка, поврзана со дело од 2016-та година. Од СЈО и од полицијата не откриваат детали за денешниот претрес.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов