Два милиони евра за косење трева на автопат со двајца работници – Кого директорот од ДУИ усреќи со тендерот за одржување

Од:

Јавното претпријатие за државни патишта со кое раководи Ејуп Рустеми, кадар на ДУИ, ангажираше приватна фирма од Кичево која за сума од речиси 2,3 милиони евра треба да ја коси тревата, да ги расчистува грмушките и да го собира сметот со патниот појас на автопатските делнцици во следните две години, нешто што порано го правеше државното претпријатие „Македонија пат“.

Но, граѓаните се жалат дека автопатите не се чисти, тревите не се искосени целосно, а некои делници не се прегледни, обвинувајќи дека возат по најнечисти патишта во Европа.

„Како се краде од тендерот вреден 140.000.000,00 денари кој патем не вклучува само косење на трева туку и собирање смет, но дали сметот се собира тоа можете да го утврдите сами ако поминувате низ автопатот Скопје – Тетово.

На оваа слика се гледа дека искосано е само 1/4 од тревата а не до крај, на терен се само двајца работници кои за две години заедно нема да земат повеќе од 20.000 евра, а пазете тендерот е во вредност од 2 милиони евра. И да не заборавиме, трева се коси само 6-7 месеци во текот на годината а не низ целата година. Инаку Македонија сепак е земја со најнечисти автопатишта во Европа а можеби и во светот не знам, не сум бил“; напиша Умејр Муамеди од Скопје кој патувал на делницата Скопје-Тетово.

Убедливо најопасна делница за возење е Катланово-Велес која со години не е исчистена од грмушки и скршени дрвја кои ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот, а таа делница во летните месеци има зголемена фрекфенција.

Фирмата „Мирсат Комерц“ увоз-извоз од село Челопеци, Кичево го доби тендерот на ЈПДП на 1 март годинава и во следните две години за сума од 140 милиони денари треба да коси трева, да собира плевел од грмушки, да кастри гранки и сече дрва во патниот појас и да чисти и собира смет на делниците Табановце-Богородица (коридор 10), Миладиновци-Хиподром, Миладиновци-Штип,скопска обиколница, Сарај-Тетово, Тетово Гостивар, Хиподром Петровец.

За косење на тревата понудена е цена од 12 денари за метар квадратен, за расчистување на грмушки 192 денари за м2, а за собирање на смет 6000 денати за метар кубен.

Фирмата „Мирсат Комец увоз извоз“ постои од 1994 година, а управител е извесен Зеќир Зеќироски.

Цената која државата ќе ја плати за одржување е речиси иста колку загубите на „Македонија пат“ за 2022 година, а се работи за државно претпријатие кое исто така се грижи за одржување на магистралните и регионалните патишта во Македонија.

Би можело да ве интересира

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Предлог-Буџетот не е развоен, тој мора да се избалансира, a државната каса да се надополни