ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Од:

Демократската унија за интеграција нагласува дека целокупното национално јавно мислење беше сведок на дволичноста на губитниците на изборите и слугите на ВМРО од редовите на Влен по повод гласањето за предложениот закон за бранители на дневен ред на вчерашната седница во Собранието. Поразените пратеници на Влен првично се изјаснија дека се против и ќе го спречат донесувањето на Законот за бранители, ја напуштија седницата, и по телефонскиот повик од нивните сопственици од ВМРО се вратија со свиткани опашки и обезбедија кворум за усвојување, на дневен ред со се Закон за бранители, велат од ДУИ.

„Ова вели дека Влен се заложници на ВМРО и со секоја нивна постапка ги земаат на врат Албанците. Националното знаме, албанскиот јазик, поранешните војници на ОВК, правичната и соодветната застапеност, балансерот, не посрамотија пред Косово и Албанија и секое национално достигнување беше прекршено за помалку од 100 дена. Северна Македонија треба да биде еднаква земја за сите граѓани, а не за едни мајка, а за други маќеа“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата