ДУИ се налути за акциите на УЈП и МВР во Сарај, Чаир, Тетово и Куманово

Од:

Министерот за економија Беким Незири, кадар на ДУИ, реагира на акцијата на УЈП и МВР во Чаир и Старата чаршија, Сарај, Тетово и Куманово. На следната седница на Владата ќе побара одговорност од тие кои ја организирале.

„Министерството за економија, но и јас како министер, сме категорично против овие акции и лично на следната седница на Владата ќе побарам одговорност од тие кои ја организирале оваа акција со образложение дека тие што имаат дуќани во Старата чаршија, долги години работат во развивање на нивните бизнис, и ако за РМ Чаршијата е главна атракција ние како влада и министерство не смееме со големи полициски сили да правиме акции за фискални сметки. Се разбира дека во согласност законот на места каде УЈП, но и пазарната инспекција ќе наиде на отпор од сопствениците, тогаш во такви случаи се информира полицијата и тие треба да дојдат и да преземат таква акција. Но, без најави, во овој случај во неколку дуќани што ги посетив во ниту еден случај немало отпор и со самиот факт што овој дуќан денеска е затворен докажува дека тука немало отпор”, изјави Незири за Алсат.

Инспектори на УЈП, со силна асистенција на специјалци, синоќа беа во акција и го „чешлаа“работењето на угостителски објекти и дуќани во Сарај, Чаир, Тетово и Куманово.

Инспекторите затвориле неколку кафулиња и дуќани.

Десетици угостителски објекти во старата скопска Чаршија и Чаирчанка се затворени поради непочитување на законот за забрана на пушењето во јавни објекти, немање на фискални апарати и други пропусти при работењето.

СВР Тетово пак посочи дека станува збор за проверка на почитување или непочитување на законските регулативи во угостителски објекти.

Од Пазарниот инспекторат велат дека акцијата е означена како висок ризик, па затоа е побарана полициска асистенција

Заменик министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили рече дека полицијата делувала по барање на УЈП, така што биле принудени да испратат полициски екипи на местата каде е спроведена акцијата.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт

Можното прегласување на седум избирачки места е тема на вонреден состанок на претседателството на ДУИ

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024