ДУИ пред одлука дали ќе ги напушти министерските места

Од:

Демократската унија за интеграција треба да излезе со одлука дали ќе ги напушта министерствата со кои раководи, со што би се прекинала целосно коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во која влегоа во 2014 година. Извори од ДУИ брифираат дека одлуката најверојатно ќе се донесе утре, кога се очекува да завршат дебатите на Централното претседателство на партијата.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во петокот кажа дека во оставките го гледаат најбрзиот начин да се деблокира Собранието, чија конститутивна седница утре ќе го добие своето осмо продолжение.

-Постои дебатата дека со напуштање на институциите од страна на ДУИ ќе се деблокира состојбата. Од тука, ќе се земат во оптег сите варијанти за да се олесни формирањето на новите институции. Оставка на една третина од министрите според закон и Устав значи паѓање на владата, меѓутоа има контра аргументи дека и паѓање на влада значи останување на функција се до именување на нова влада, рече Османи во петокот.

Одлуката пред која се наоѓа ДУИ не ја коментираат македонските партии. Сепак, според некои политичари од ВМРО-ДПМНЕ, тоа не би променило ништо бидејќи техничката влада и онака е во оставка.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски