ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва ќе го промовира претседателскиот кандидат, Бујар Османи. Конвенцијата се одржува во Спортско-рекреативниот центар (СРЦ) „Кале”, под мотото „Дојде време за првиот претседател Албанец“.

Присутни се претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и други високи партиски членови и функционери, меѓу кои Талат Џафери, Теута Арифи, Арбр Адеми, Артан Груби…

Според Државната изборна комисија (ДИК), Османи ги собра потребните 10 000 потписи од граѓаните заклучно со 26 февруари годинава. За него до 20 часот тој ден се потпишале 10 528 граѓани. Податоците на ДИК од 7 март до 20 часот покажуваат дека Османи има собрано 11.085 потписи.

Информацијата дека Османи ќе биде претседателски кандидат на ДУИ на претстојните избори ја соопшти партискиот лидер Али Ахмети од седиштето во Мала Речица.

Министерот за надворешни работи и претседателски кандидат на ДУИ, Османи, најави дека меѓу темите на неговата кампања ќе бидат уставните измени за впишување на Бугарите и изборот на претседател на државата во Собранието. Тој очекува влез во вториот круг. Својата програма, како што рече, ја работел со домашни и меѓународни експерти, како претседателски кандидат ќе има своја веб страница и ќе им се обраќа на сите граѓани без оглед на етничката припадност.

Би можело да ве интересира

Партијата на Мерц ќе ја поддржи поранешната министерка Илзе Ајгнер за претседател на Германија

А1он

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски