ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

Од:

Демократската унија за интеграција ја изразува најдлабоката индигнација за скандалозната одлука за новите полициски униформи да бидат само на македонски јазик. Овој чин претставува флагрантно кршење на принципите на Охридскиот договор и на Законот за употреба на јазиците, кој гарантира еднаквост и двојазичност во државните институции, особено на полициските униформи, се наведува во соопштението од ДУИ.

– Ова не е изолиран случај, туку континуитет на дискриминаторската политика на ВМРО-ДПМНЕ, која веќе има иницирано во Уставниот суд укинување на албанскиот јазик како службен. Она што ја прави оваа одлука уште поскандалозна е сервилното молчење на албанските партии на власт, кои прифатиле да бидат вазали на антиалбанските политики, газејќи го достоинството и правата на Албанците за ниски политички интереси.

Еднојазичните униформи не се само облека. Тие се симбол на идентитетот на државата, на еднаквоста и на почитта. Кога законот бара двојазичност, а Владата наметнува еднојазичност, тоа е доказ за изгубениот политички суверенитет на албанските партии кои денес се огледало на интересите на ВМРО.

ДУИ јасно порачува: Албанците нема да прифатат вакви понижувања. Законот е јасен, во општините каде Албанците се најмалку 20%, секоја државна институција е обврзана да ги користи службените јазици, вклучувајќи ги униформите и јавната комуникација.

Бараме итно повлекување на оваа дискриминаторска одлука; заменување на полициските униформи со двојазични натписи, согласно законот, и јавно извинување од албанските партии на власт кои го одобрија овој срам.

Еднаквоста не е луксуз, таа е законска, морална и национална обврска. ДУИ не прифаќа компромис со достоинството. Албанците жртвуваа за еднаквост, а оваа срамна одлука ќе биде поништена, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он