ДУИ денеска ќе излезе со став за ставањето на Мерко на црната листа на САД

Од:

Демократската унија за интеграциии (ДУИ) денеска ќе се изјасни во однос на ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на црната листа на САД. Министерот за финансии Фатмир Бесими, кој доаѓа од оваа партија, која е дел од владината коалиција, изјави дека од партијата ќе има став и изјава во однос на тоа.

-И таму во однос на тоа во програмата е ветингот и воопшто во земјата ќе имате став од партијата, рече Бесими.

Тој не сакаше да одговори како тој гледа на оваа ситуција и ставањето на Мерко на црната листа.

-Ме прашувате за политичко и за партиско прашање. Тоа ќе го добиете денеска во текот на денот од партијата, рече Бесими, кој беше на конференција во МАНУ.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ смета дека е добро да се позанимаваме со случајот со Мерко и нашите институции.

-Секој сигнал од нашиот стратешки партнер треба сериозно да се зема предвид. А околу политичките чекори и натамошните институционални чекори треба да каже секако политичката партија на која и припаѓа гоисподинот Мерко и надлежните институции, рече Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис