ДС: Слободата на печатот е круцијална за развој на демократијата

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека слободата на печатот е круцијална за развој на демократијата и јакнење на основните човекови права и слободи, вклучително и како можност секој граѓанин слободно да го искаже својот став.

Во изминатите 27 години, медиумите беа движечка сила на промените и воспоставување на нов систем на вредности, парламентарна демократија и афирмација на владеење на правото, како клучен сегмент на модерните општества.

И покрај сите слабости, политичките и бизнис притисоци врз новинарите, само со слобода на печатот може вистината да стигне до граѓаните.

Демократскиот сојуз од секогаш е за слобода на печатот и слобода на говорот и високо ја цени и поддржува борбата на секој човек и новинар за објективно информирање.

Треба сите заедно да придонесеме, новинарите да можат слободно да ја извршуваат оваа тешка и исклучително ризична професија“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март