Црвениот крст на Република Македонија денеска и утре во Струга го организира 22. Државен натпревар на екипите по прва помош под мотото „Првата помош и безбедноста на патиштата“.
На натпреварот ќе учествуваат 24 екипи од општинските организации на Црвен крст, кои беа првопласирани на општинските натпревари по прва помош во категоријата младинци.