Дрвокрадец нападнал шумар

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против З.Р. (34) од Крушево поради постоење основано сомнение за „Спречување службено лице во вршење службени дејствија“.

З.Р. на 21-ви овој месец, претпладнето околу 11 часот вршел бесправен пренос на околу 0,30 метри кубни зелени букови огревни дрва со коњ во село.Врбоец, пред дворното место на М.Д., без да поседува соодветна документација. Притоа бил забележан од чувар на шуми,  вработен во ПСШ „Липа“ Крушево, кој му укажал дека прави прекршок по Законот за шуми и дека ќе му поднесе соодветна пријава. З.Р. потоа, прво почнал да го навредува службеното лице, а потоа со дрвената рачка од секирата што ја држел во раце го удрил во пределот на грбот.

Чуварот го оттурнал пријавениот од себе по што З.Р. го напуштил местото на настанот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов