Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Температурата ќе се движи од 25 до 36 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се искачи до 33 степени.
Денеска ќе почне да се спушта посвежа воздушна маса од север што ќе услови постепено опаѓање на дневната температура.
Ова особено ќе биде изразено во недела, кога ќе дува засилен северен ветер, ќе има слаб локален дожд, а температурата ќе се спушти за околу 7 степени.
Од понеделник температурата ќе биде во благ пораст.