А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДПМ: Антиуставен чин е посегањето на Лустрациска по Славко Јаневски

by А1он30/06/2013 - 10:0904/07/2013 - 10:56378
Share0

Друштвото  на писателите на Македонија, се огласи третиот ден откако Комисијата за верификација на факти, го прогласи авторот на првиот македонски роман, Славко Јаневски, за соработник на тајните служби.

Добивај вести на вибер

Еве што пишува во соопштението пратено до медиумите:

„Друштвото на писателите на Македонија бара одговорност за антиуставниот и бескруполозен обид за уривање на темелните вредности на македонската национална култура.

Друштвото на писателите на Македонија со огорченост ја отфрла апсурдната слика на Комисијата за верификација на фактите со која писателот Јаневски е прогласен за соработник на тајните служби.

Друштвото на писателите на Македонија бара одговорност заради овој антиуставен чин на Комисијата за верификација на фактите која посегна по една од најсветлите личности на современата македонска литература и култура, надвор од нормите што ги подразбира законот за лустрација. Во спротивно ДПМ овој чин ќе го толкува како тенденција за бескрупулозно газење и уривање на темелните вредности на македонската национална култура.

Апсурдно е да се помисли дека дејствувањето на Славко Јаневски во литературата и културата било на штета на развојот на одредени автори и процеси. Напротив, делото на овој писател цврсто е втемелено во основите на современата македонска литература.

Од денешен аспект, 13 години по смртта на Јаневски, неговото творештво и неговата мисија се уште позначајни како писател и културен деец, како еден од иницијаторите за основање на Друштвото на писателите на Македонија, претседател на македонската писателска асоцијација, еден од првите членови на МАНУ, еден од оснивачите на Македонскиот ПЕН центар, член на оснивачкиот одбор на Струшките вечери на поезијата, покренувач на списаниија, издавачки куќи и институции од областа на културата.

Јаневски е автор на првиот македонски роман и на обемен, разновиден и значаен опус како поет, раскажувач, романсиер, публицист, сценарист и редактор на капитални дека за македонската национална културна историја. Овие аргументи силно пркосат пред апсурдната и злонамерна одлука на Комисијата за верификација на фактите со која писателот Славко Јаневски е прогласен за соработник на тајните служби“.

dpmlustracijapisateli

Би можело да ве интересира

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Горан Наумовски19/07/2022 - 21:52

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска04/05/2021 - 12:36

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска14/01/2020 - 08:3914/01/2020 - 08:41

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска13/01/2020 - 14:0713/01/2020 - 15:05

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска13/01/2020 - 13:2613/01/2020 - 15:03

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска13/01/2020 - 12:1013/01/2020 - 12:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен