14 години затвор за руски писател кој ја критикуваше агресијата врз Украина

Од:

Меѓународно признатиот руски писател Борис Акуњин беше осуден во отсуство од московски суд на 14 години затвор за неговата наводна поддршка на тероризмот.

Адвокатот се залагаше неговиот клиент да биде прогласен за невин поради недостаток на докази, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

Авторот на бестселери постојано го критикуваше руското раководство предводено од Владимир Путин, како и војната што Русија ја води против Украина.

Акуњин е роден во Грузија како Григориј Чхартишвили. Руските власти го прогласија за „странски агент“ и го обвинија за поддршка на тероризмот. Овој 69-годишник живее во егзил со години, вклучително и во Обединетото Кралство.

Минатата година, во интервју за британскиот весник „Стандард“, тој рече дека воопшто не е заинтересиран за судските постапки покренати против него и дека, од негова перспектива, во Русија повеќе нема вистински судови.

Акуњин е автор на бројни криминалистички романи, од кои многу се објавени во странство. Поради критиките за руската војна против Украина, неговите книги беа повлечени од продажба во Русија пред три години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Врз Запорожје фрлени 5 авионски бомби – загинаа 17 лица, а 18 се повредени

А1он

(ВИДЕО) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорожје се искачи на 7, меѓу кои и три деца

А1он

Кличко: Путин најмногу би сакал да го напуштиме Киев

А1он

„Њујорк тајмс“: Затворањето на мостовите во Киев може да создаде „логистички кошмар“ за цела Украина

А1он

Путин: Русија беше подготвена да ги продолжи преговорите, но Киев се обиде да ја нападне Москва

А1он

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди украински манастир – загина свештеник

А1он