(ВИДЕО) Врз Запорожје фрлени 5 авионски бомби – загинаа 17 лица, а 18 се повредени

Од:

Бројот на загинати во рускиот воздушен напад врз Запорожје се искачи на 17, вклучително и три деца, додека 18 лица се повредени, соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина.

Како што пренесува „Укринформ“, украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук изјави дека руската армија во текот на ноќта фрли пет наведувани авионски бомби врз станбени згради во Запорожје.

„Денес, Русија се ‘заблагодари’ за укинувањето на санкциите за извоз на дизел со тоа што фрли пет наведувани авионски бомби врз станбени згради во Запорожје. Засега, за жал, знаеме дека загинале 12 лица, меѓу кои и три деца. Изразувам сочувство до нивните семејства и блиски“, напиша Зеленски.

Државната служба за вонредни состојби на Украина подоцна соопшти дека бројот на загинати се искачи на 17.

Зеленски додаде дека се повредени уште 14 лица, од кои две се во тешка состојба и лекарите се борат за нивните животи.

Се проверуваат информациите за уште 12 лица кои можеби се наоѓале на местото на нападот.

Според него, сите надлежни служби се на терен, а во тек се операции за пребарување и спасување.

Би можело да ве интересира

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот

А1он

Зеленски ги потврди преговорите со Русите и најави два клучни услови

А1он

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

„Путин не е светски лидер, туку воен злосторник“

А1он

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани