(ВИДЕО) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорожје се искачи на 7, меѓу кои и три деца

Од:

Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорожје, во југоисточниот дел на Украина, извршен рано утринава, се искачи на 7, вклучително и три деца, соопшти вршителот на должноста началник на Воената управа на Запорожје, Михаило Семикин.

Тој на Телеграм објави дека во нападот се повредени најмалку 10 лица, меѓу кои и едно дете, а двајца од повредените се во тешка состојба, пренесе „Укринформ“.

Семикин изјави дека операциите за пребарување и спасување се во тек и дека е можно под урнатините сè уште да има луѓе.

Претходно беше соопштено дека најмалку две лица загинале во руски напад врз станбена зграда од пет ката во Запорожје.

Руските сили рано утринава го нападнаа Запорожје со наведувани бомби.

Би можело да ве интересира

Кличко: Путин најмногу би сакал да го напуштиме Киев

А1он

„Њујорк тајмс“: Затворањето на мостовите во Киев може да создаде „логистички кошмар“ за цела Украина

А1он

Путин: Русија беше подготвена да ги продолжи преговорите, но Киев се обиде да ја нападне Москва

А1он

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди украински манастир – загина свештеник

А1он

(ВИДЕО) Двajца загинати и шестмина повредени во напад со украински дронови во Московскиот регион

А1он

Мелони: Италија има јасен став за Украина, Москва покажува нервоза

А1он