ДПА сака избори 22 дена по завршување на вонредната состојба

Од:

Демократската партија на Албанците смета дека треба да има избори на 5 јули. Според претседателот на партијата Мендух Тачи тоа е потребно поради нефункционалноста на Владата.

-Откако ќе се укине вонредната состојба за 22 дена стварно ни требаат избори. Поготово нам Албанците затоа што имаме една партија, етаблирана 99 посто на власт, тоа е ДУИ чии претставници воопшто не се заинтересирани и не фунцкионираат институционално. Почнувајќи од траги-комичната слика на Бујар Османи кој претпладне едно збори, навечер си се деманатира. Локалната власт поготово Тетово кои „заслужуваат“ нобел за здравство затоа што токму не потценуваат што со вода од река ги чистат 2-3 патишта и викаат дека не дезинфицирале и ние сме многу заштитени од вирусот. Трето, освен ДПА сите други полиички партии се што зборат е маркетинг, нема сериозен пристап за оваа работа. Стварно мислам дека треба да одиме на избори да се заврши ова со глумење на политички сили, да имаме јака и функционална влада и институции кои стварно многу искрено ќе се борат со ова зло што не снајде заедно со граѓаните. Иначе продолжувањето на вакават ситуација може да не донесе до агонија каде сите еден друг ќе обвинуваме, рече Тачи.

Тој не се согласува со останатите политички партии дека народот е крив за состојбата со коронавирусот поради недисциплина.

-Ова се случува заота што институциите не функционираат како што треба. Поготово во средините кај што се Албанците и каде апсолутната власт е на ДУИ. Калкулациите што се направија за Бајрамот- политички структури за да добијат поени и гледам сега ние еден од нив не се појавува да ни каже зошто така пристапиле. Ова е ситуација во која сите политички партии трчаат по поени затоа што треба да има многу брзо избори, сигурно е тоа. Ние инсистираме на нашите барања. Прво повеќе тестирање во таргетни групи каде има инфицирани. Второ, сите што се контакти на позитивни пациенти да не седат дома, да се прават болници во спортски сали и луѓето што немаат симпоми таму да седат, смета Тачи.

Според него показател за лошата институционална состојба со коронавирусот е тоа што Македонија е на прво место на Балканот по број на заболени и смртни случаи поради Ковид 19.

Би можело да ве интересира

Брима Галуп: СДСМ и БЕСА имаат предност од 6.2% пред ВМРО-ДПМНЕ

Кристијан Ландов

Спасовски вети повисоки плати и пензии со новата македонска развојна економија

А1он

Села до Заев и Мицкоски: Ако направите македонска влада, ние ќе направиме албанска

А1он

Мицкоски: Се обврзуваме за правна држава и ветинг за имотот на политичари

А1он

Ахмети од Кичево: Идејата за премиер Aлбанец е во интерес на еднаквоста

А1он

Николоски: Референдумска излезност на 15 јули за обнова на Македонија

А1он