Дождот ја замати водата за пиење од „Лукар”, задолжително превривање

Од:

Обилните дождови во последните неколку дена ја заматија водата за пиење од регионалниот водовод „Лукар” од кој вода добиваат општините Кавадарци, Неготино и Росоман. Раководителот на Центарот за јавно здравје Кавадарци, доктор Трајче Ризов, денеска упати апел до населението од трите општини, задолжително да ја превриваат водата пред да ја употребат за пиење.

– Поради заматеноста, во текот на вчерашниот ден имавме зголемено дозирање со хлор на водата во хлоринаторската станица. Се со цел да се постигне дезинфекција на водата, денеска го ставивме во функција и вториот дозатор на хлор. Поради стабилизација на временската состојба во текот на денешниот ден и соодветното дозирање со хлор, очекуваме состојбата во најскоро време да дојде во нормала. Дотогаш, водата задолжително да се преврива пред пиење, нагласи доктор Ризов, специјалист по хигиена.

Екипа на Центарот за јавно здравје и денеска излегла на терен и зела мостри од водата за пиење, а за резултатите жителите од Тиквешко дополнително ќе бидат известени.

Би можело да ве интересира

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење

Во Кавадарци отворена канцеларија за поддршка и советување за родители и деца

А1он