Дожд, ветер и пад на температурата

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои претпладне ќе бидат застапени во западните делови, а до крајот на денот ќе се прошират насекаде. На планините и на некои повисоки места до вечер врнежите ќе поминуваат во снег.

Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови особено кон крајот на денот можно е да паднат и до 20 литри на метар квадратен воден талог. Попладне и во ноќните часови ќе дува засилен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 километри на час, што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од шест до 15 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно, ветровито и студено. Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од еден до осум степени.

За време на викендот се очекува стабилно и посвежо време.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска