Дожд и ветер попладне

Од:

Врнежи од дожд кои наместа ќе достигнат над 20 литри на метар квадратен и ветер од јужен правец со брзина над 80 километри, најавуваат за денеска во попладневните часови од УХМР.
Наместа, како што посочуваат, ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и ретки грмежи. На планините кон крајот на денот врнежите ќе преминат во снег.

Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени.

Во наредните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. На повеќе места ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 0 до 8 степени, а максималната од 8 до 19 степени во вторник.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска