Доставени 2.060 пријави за гласање во дијаспората, најмногу во Љубљана

Од:

Вкупно 2.060 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство заклучно со денеска до 12 часот, доставени се до Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.se​c.mk.

Како што соопшти ДИК, од пријавите, 2019 се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана – 172, во Лондон – 114, во Торонто – 111, Канбера 88 итн.​ Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев и Приштина – по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Доха – по две пријави.

Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.

Во однос на податоците од јавниот увид во Избирачкиот список, заклучно со вчерашниот ден вкупно 4.466 граѓани извршиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 428, следат Струмица – 420, Карпош -375, Радовиш – 240 и во Охрид – 235.

Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со четврток, 23 август, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во Избирачкиот список, наведуваат од Државна изборна комисија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија