Донација за Здруженијата на слепи, глуви и лица со телесна попреченост во Битола

Од:

Спортско-рекреативна опрема доби Здружението на слепи лица,глуви и лица со телесна попреченост.  Спортско-рекреативната опрема, статичен велосипед и магнетна механичка лента се сместени во спортската сала што се наоѓа во објектот на Центар за социјални грижи, во битолската населба „Карпош“, а ја донираше Лајонс клубот во Битола.

-Денешната донација, велосипед и подвижна лента ќе ја користиме максимално, бидејќи во нашиот град, полн со сокаци и тесни улици ние слепите луѓе тешко може да се движиме, најмалку со бело стапче, но затоа пак ќе можеме да се рекреираме и спортуваме во нашата спортска сала. Ние не гледаме со очи, но гледаме со срце и ја чувствуваме искрената поддршка, рече Стевче Костадиновски, претседател на Здружение на слепи лица-Битола.

Вредноста на донацијата изнесува 20.000 денари, но во реализацијата на хуманитарната акција вложени се и повеќе од 150 волонтерски часови, информираа од Лајон Клуб Битола на денешната прес конференција.

– Имавме повеќе мотиви за да ја реализираме денешната донација. Најнапред цврстата соработка со нашата целна група. Потоа, националниот имиџ проект „Сакам велосипед“ и „Да спортуваме и да се дружиме“, како и желбата да помогнеме на слепите лица, глуви и лица со телесна спреченост да водат здрав живот, истакна Марјан Танушевски, претседател на Лајонс клуб – Битола.

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации

Во битолскиот Архив пронајдени нови фотографии на Кемал Ататурк снимени од браќата Манаки

На Тумбе кафе пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 бомби и гранати од Првата светска војна

Горан Наумовски

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор