ДОМ: Спас од рудниците со ревизија на студиите за животна средина

Од:

„ДОМ ги повикува општините Дојран и Валандово да ја испочитуваат волјата на граѓаните и да ги распишат референдумите за кои се создадени услови. Граѓаните имаат право да го искажат својот став за отворање рудници за злато и бакар на нивната територија. Се работи за нивното живеалиште, за нивниот дом!

ДОМ им порачува на граѓаните на Гевгелија, Богданци, Валандово, Дојран и Босилово да не се откажуваат од борбата против опасните рудници, кои се закана за животната средина и нивното здравје. Спас од рудниците треба да се бара во ревизија на студиите за животна средина, кои се изработени од консултантски фирми по нарачка на рударските компании.

Доколку тие студии содржат неточни и нецелосни податоци за технолошката постапка и за последиците од неа; доколку не е спроведена по закон процедурата за јавно информирање и јавна расправа на жителите на општината; доколку не се земени предвид забелешките од заинтересираните поединци или организации – тогаш се менува состојбата. Може да се случи, наместо државата да плаќа пенали ако не дозволи работа на рудниците, некои други да треба да ѝ плаќаат оштета!

Како пример го наведуваме потполното игнорирање на забелешките од присутните на јавната дебата за рудникот за злато, Иловица, што се одржа на 23 јуни 2016 година во општина Босилово. На неа жестоко реагираше и нашиот портпарол Тони Ристов, кој, за жал, не е веќе меѓу нас. По ова ДОМ даде и писмени забелешки до институциите, со сериозна аргументација за огромната опасност од лужењето на рудата во базени со цијанидни раствори, среде Струмичко Поле.

ДОМ ќе продолжи да води активна кампања со теренски настапи и соопштенија против отворањето рудници во региони со производство на здрава храна и туризам. Рудници и зелена економија, едноставно не одат заедно“ се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Кој ќе ја плаќа отштетата за пропаднатите рударски инвестиции?

А1он

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Петровски: Отварањето на нови рудници треба да биде приоритет, а не табу тема!