Маратонските преговори за нови изборни правила и прочистен избирачки список не резултираа со позитивен епилог. Не е постигнат договор иако ноќеска на полноќ, според договорот од Пржино, рокот истече. Преговорите ќе продолжат и денеска.
Разговорите се искомплицираа поради Законот што го предложија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Собранието, со кој се предвидуваат високи затворски казни за поседување и емитување на содржината на „бомбите“ на Заев.
Како што информираат за А1он од преговарачките тимови, тешки биле убедувањата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да го повлечат законот.
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, веќе го доставил до пратениците.
Како најбезболна варијанта е договорено самите предлагачи, Талат Џафери и Крсто Муковски да го повлечат законот, но Талат Џафери од ДУИ за сега одбива да го стори тоа.
Како што вчера објави А1он, странците предложиле избирачкиот список да се преверува теренски, паралелно да има и вкрстување на податоците од институциите, гласањето на дијаспората да се укине, а медиумите да не можат да бидат донатори во изборните кампањи.
Исто така се предлагаат зголемени ингеренции на ДИК.