Пред полноќ заврши состанокот на работната група за медиумите. Договор нема, но има напредок во разговорите за медиумите, кои се услов во Пржинскиот договор.
Белгискиот посредник Питер Ванхауте, и американскиот и евроамбасадорот, Џес Бејли и Аиво Орав, не дадоа изјави за медиумите.
Медијаторот Ванхауте на својот Twitter профил напиша дека за вечерва се завршени преговорите, дека има прогрес и дека ќе продолжат утре напладне.
Белгискиот посредник, Питер Ванхауте, пред почетокот на денешната средба на работните групи во Клубот на пратеници, на која се преговара за медиумите, рече дека ситуацијата никогаш не е безнадежна и дека преговорите ќе продолжат.