Доделување на наградата за општествена свест на „Осигурување Македонија“

Од:

Осигурителната компанија „Осигурување Македонија“ е добитник на наградата „Гунтер Гејер“ за општествена свест. По тој повод компанијата вечер организира свечено доделување на наградата во „Јавна соба“, каде со присутните заеднички ќе бидат разменети искуства поврзани со општествената одговорност во Македонијаа.

Парична помош од наградата ќе им биде доделена на здружението на граѓани „Локомотива“ – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата за набавка на опрема за осветлување, звучна или друга техничка опрема за простор „Кино Култура“.

Понатаму, на асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ за проект „Програма за едукација за отпад од храна“, здружението за борба против рак „Борка“ за проектот „Empower me! Едукација на жени – пациентки оперирани од рак на дојка“ и на Првата детска амбасада во светот Меѓаши за проектот „Зајакнување на детските капацитети за превенција на насилство“.

Би можело да ве интересира

Награден фотографски натпревар кој ја опфаќа науката од Македонија

ССНМ и Томсон медија ги доделија наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Доделени наградите „Бранко Ѓорчев“

Џони Деп се појави на „Ем-ти-ви“ наградите како астронаут

Познати добитниците на највисоките признанија и награди на Општина Битола

Жарко Настоски

Државна награда за човекови права „Мето Јовановски“

Ана Ололовска