Доделени општинските награди во Кавадарци

Од:

Инжењер архитектот Петко Бојков, дипломираната медицинска сестра Велка Гавровска-Лукиќ и естрадната уметничка Катерина Танева-Ѓорѓиева, се годинашниве добитници на седмосептемвриската награда која општина Кавадарци традиционално ја доделува по повод ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор.

Признанијата им ги врачи кавадаречкиот градоначалник Александар Панов на свечената седница на општинскиот Совет, која се одржа синоќа во кавадаречкиот културен дом. Настанот беше во рамките на одбележувањето на 73 години слободно Кавадарци.

Во своето обраќање пред присутните, Панов се осврна на неколку проекти реализирани во изминатиот период. Ги спомена новоизградената градинка, решениот проблем со водоснабдувањето, концертната сала, бизнис и НВО центрите, реконструираните воспитно образовни установи.

Во рамки на свечената седница беше реализирана и културно уметничка програма.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски