Доделени наградите за најдобра истражувачка сторија

Од:

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска ги додели наградите од конкурсот за најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов“ за 2012 година.

Првонагрaден е тимот новинари од ТВ Алфа – Љубиша Арсиќ, Пандорче Антеска и Бојан Стојановски за серијата прилози на тема „Вработувања по партиски список“. Втората награда ја доби Дејан Азески за текстовите на тема „Масовното иселување од Македонија“ од Капитал, а третото место го делеа Кристина Озимац за темата „Каде испарија 635.000 евра од тендерот ИЗИС“ објавени во Фокус и Теофил Блажески за сторијата „Решавањето на сметот бара знаење и пари – сто милиони евра за отпад“ објавени во „Граѓански“.

Пофалници за истражувачките стории добија Томислав Кежаровски и Саше Димовски за стории објавени во Нова Македонија односно во Фокус.

Директорката на МИМ Билјана Петковска забележа дека на конкурсот доминирале печатените медиуми, а радио материјали не биле пријавени.

– Жири комисијата оцени дека повеќето стории покренуваат исклучително важни прашања и проблеми поткрепени со бројни аргументи и сознанија, но во најголем број случаи новинарите не ги туркаат до крај темите и остануваат некомплетни, рече Петковска.

Годинава конкурирале 18 автори со 28 стории обработени во 65 текстови и ТВ прилози што беа објавени во печатените и електронските медиуми во текот на минатата година.

Наградата се доделува по 12-ти пат, а од оваа година МИМ одлучи да го носи името на новинарот и сопственик на „Фокус“ Никола Младенов, кој загина во сообраќајна несреќа.

Би можело да ве интересира

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

ССНМ и „Еднаква“: Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

Горан Наумовски

Рекорден број на убиени новинари во 2025 година, Израел е одговорен за две третини од убиствата

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Меѓународна федерација на новинари: 128 новинари и медиумски работници убиени низ целиот свет во 2025 година