Доаѓа снег, сабота до минус 20 степени

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре кон крајот на денот и во среда најави локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег, особено во западните и северозападните делови.

Според УХМР, од четврток нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на северно воздушно струење, што ќе предизвика значителна промена на времето. Ќе биде многу студено со врнежи од снег и насекаде ќе се формира снежна покривка, која на планините ќе биде позначителна. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси.

Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски, како утринските така и дневните и насекаде ќе бидат под нулата.

Најстудено преку денот се очекува да биде во сабота, кога максималната температура ќе биде во интервал од минус четири до минус 12, додека минималната за викендот на места ќе се спушти до минус 20 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски