До Советот на ЈО до крајот на работниот ден не пристигнала оставка од Јанева

Од:

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во затворот „Скопје“ за предметот „Рекет“, како што јавуваат дел од медиумите, попладнево доставила писмо до Советот на јавни обвинители со кое ја активира оставката што ја поднесе на 15 јули.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски информира дека до крајот на работниот ден на Советото, до 15 часот и 30 минути, немаат добиени никаков допис, но вели дека е можно да пристигне во текот на утрешниот ден и дека не може да ја соопшти содржината.

-Ние во Советот, доколку стигне, ќе ја разгледаме веднаш и ќе одлучиме како би постапиле, истакнува Колевски.

Јанева поднесе условна оставка на 15 јули, на денот кога беше уапсен Бојан Јовановски за случајот „Рекет“, а која требаше да биде активирана кога ќе се избере нов специјален обвинител.

Праќањето на писмото е откако денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно донесе одлука на Собранието да му препорача разрешување на Јанева поради несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Мемов за А1он: Во ЗНАМ не се водиме од тоа кој ќе биде пратеник, личните незадоволства се приватна работа

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Фондот за здравство остана без директор од ДУИ: Фатон Ахмети си поднесе оставка

Орце Костов

Наке Георгиев си поднесе оставка: Уште неизбран во Судски совет сакал да го намести за судија и синот Кирил

Орце Костов