До петок суво и топло, за викендот дожд и снег

Од:

Релативно топло време ќе се задржи во Македонија до викендот, за кога синоптичарите најавуваат влажен бран со дожд, снег и пад на температурите.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска информира дека за време на викендот преку подрчјето на Македонија ќе помине влажен и постуден бран кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат околу 15 л/м2. Во сабота од север ќе се прошири повремено засилен северен ветер.

Дневните температури за викендот ќе опаднат за шест до девет степени и во недела ќе бидат во интервал од шест до 12 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски