До петок многу топло, викендов заладување и дожд

Од:

По тропските температури што изминативе денови ја зафатија Македонија, викендов се очекува заладување со повремени врнежи дожд, ветер и грмежи.

Метеоролозите до петок најавуваат сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер и максимални дневни температури до 39 степени.

Во Скопје денеска ќе дува слаб до умерен северен ветер, а  температурата ќе достигне до 37 степени. Според прогнозите, и утре ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер, во западните предели со североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 13 до 23 степени, а дневните до 39 степени со УВ индекс 9.

Сончево и многу топло ќе биде и во петок со дожд и грмотевици доцна попладне во северозападните предели. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе достигнат 24, а дневните 38 степени.

Промена на временската состојба и пад на температурите за околу 5 до 7 степени се очекува во сабота претпладне. Ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне и во вечерните часови умерено облачно со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 15 до 25 степени, а максималните дневни од 23 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во недела ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, посвежо и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели засилен североисточен ветер со брзина и до 25 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степена, а дневните од 22 до 32 степена и УВ индекс 6.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска