До крајот на неделата облачно со повремен дожд

Од:

До крајот на работната недела Македонија ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови што ќе услови претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за ретки грмежи. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка, соопшти УХМР.

Повеќе врнежи утре ќе има во западните делови, а во среда во западните и јужните делови каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а локално и над 30 л/м2. Во петок во текот на денот врежите ќе престануваат.

Утре на места ќе дува засилен југоисточен ветер, а од среда умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

Во сабота се очекува стабилизирање и затоплување на времето.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски