• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

До крајот на денот променливо облачно, на места локален дожд

by А1он12/06/2021 - 19:17136
Share0

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вечерните часови облачноста насекаде ќе се намали и во текот на ноќта ќе преовладува претежно ведро време.

Добивај вести на вибер

Како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната од 21 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Од понеделник, најавуаат од УХМР, следува период на претежно стабилно време. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика пад на дневната температура, која ќе биде под просекот за овој период од годината. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен