До кога Караџовски мисли да го заштитува и да не го разреши Владимир Панчевски?

Од:

Закана, уцена или обид за заплашување? Последните пораки на претседателите на Кривичниот суд и на Судскиот совет, Владимир Панчевски и Зоран Караџовски уште еднаш покажаа дека се дует, кој делува синхронизирано и со взаемна подршка.

После нивните настапи и испади во јавноста, веќе е јасен одговорот за нивните капацитети да овозможат независно судство, ослободено од партиските стеги.

Дали е закана изјавата на Панчевски дека ќе прави чистка во судот?

Дали е закана за судиите од Основен суд Скопје 1 Скопје изјавата на Караџовски дека ќе испитуваат евентуална корумпираност на судиите во тој суд само по изјавите изнесени од Панчевски?

После сите превирања и дадени изјави, и Панчевски, но и Караџоски треба да си поднесат оставка!

Двајцата допринесуваат за крајно нарушени односи во Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Потребно е јасно да се каже, проблемот во Основниот суд Скопје 1 Скопје е комплексен и не станува збор само за изолиран случај.

Дека односите во судот се крајно нарушени, говорат и судиите, говори и инцидентот, односно вербалната расправија што се случила помеѓу двајцата вработени во судот, за која расправија дури интервенирала и полицијата.

Проблем имаат и стручните соработници, кои биле распоредени на работни места кои не соодвествуваат со работата и работните задачи со кои биле задолжени согласно решенијата за работа и систематизацијата на работните места на судот и не биле соодветни со нивните професионални квалификации и со работните компетенции. Имале проблем бидејки врз основа на законот побарале Панчевски да си ги ревидира своите одлуки, по што истиот поединечно ги повикувал на разговор.

Проблем имаат и преку стотина судски службеници на кои им била поведена дисциплинска постапка и се казнети со писмена опомена заради предвремено излегување од работа и тоа од една, две или три минути.

Очигледно е дека Панчевски се обидува да сее страв во судот и на тој начин да владее со истиот.
Очигледно е дека Караџоски го поддржува и го толерира неговото однесување.

Панчевски и Караџовски, треба да постапуваат согласно нивните надлежности и да не се ставаат над законот, како и да презентираат незнаење од позициите што ги држат . Панчевски нема надлежност да прави „чистка“ во судството, тој не смее тоа ниту да го помисли, ниту пак Караџоски има надлежност да испитува корумпираност на судии, освен ако се уште живее во времето кога бил стручен соработник во обвинителството-орган кој има надлежност да открива корумпираност во Р. Македонија.

Едно е сугурно- Основниот суд Скопје 1 Скопје го тресат бројни скандали, по што ќе биде запаметен мандатот на претседателот Панчевски, но и фактот дека подршка Панчевски добива од Караџоски, а претходно и од Зафировска.

Потсетување до Караџовски дека Одребата од чл. 79 од Законот за судовите, ст.1 алиниеја 5, упатува дека Претседател на суд се разрешува меѓу другото, и ако предизвикува потешко нарушување на односите во судот кои значително влијаат врз работењето на судот.

Целосната одредба од цитираниот Закон е следната:

(1) Претседател на суд се разрешува од функција претседател, кога Судскиот совет на Република Македонија во постапка ќе утврди исполнување на некои од следниве основи:
– злоупотреба на положбата и пречекорување на службените овластувања,
– незаконско и ненаменско располагање со финансиските средства на судот,
– неизвршување или ненавремено извршување на работите на судската управа,
– влијаење врз независноста на судиите во врска со одлучувањето по одделни предмети,
– предизвикува потешко нарушување на односите во судот кои значително влијаат врз работењето на судот,
– повреда на правилата во врска со распределба на предметите,
– неисполнување на програмата за работа,
– ако како претседател на суд од страна на Судскиот совет на Република Македонија е оценет со негативна оцена, согласно со закон и
– ако не го извести Судскиот совет на Република Македонија за сторената потешка дисциплинска повреда од страна на судија за која се поведува постапка за дисциплинска одговорност на судија, согласно со членот 76 став (2) од Законот за судовите.

Претседателот на судот, Владимир Панчевски ги исполнува сите основи за разрешување од наведената законска одредба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ