До 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 отсто, до ДИК 233 приговори за заштита на избирачкото право

Од:

До 15 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 35,89 отсто, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2110 избирачки места.

-Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места, информираат од ДИК.

Од вкупно запишани 1.092 341 гласачи на овие избирачки места гласале 392.066.

Според податоците што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69 отсто додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11 отсто.

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни, а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.

Би можело да ве интересира

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Сиљановска води повеќе од двојно пред Пендаровски, покажуваат бројките на ВМРО-ДПМНЕ

Касами: Од утре граѓаните ќе бидат слободни

Катерина Ѓуровски

Таравари: Ова е историски ден и ќе го пишува во книгите

Катерина Ѓуровски

Џафери гласал и на претседателските избори

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски