Дневните температури ќе растат, утринските во негатива

Од:

Утре наутро во некои делови од Македонија се очекуваат негативни температури кои ќе се спуштат до минус три. Метеролозите најавуваат дека утрото најстудено ќе биде во Берово -3, Маврово и Крива Паланка минус 2 и Тетово со минус еден степен. Во другите делови температурата ќе биде над нулата и ќе достигне максимални четрии степени во Гевгелија. Дневната температура уте ќе се движи од 9 до 18 степени.

Дневните температури, како што најавуваат метеролозите, ќе бележат пораст. Умерен до засилен ветер ќе има во четврток, од кога и облачноста повремено ќе се зголемува, а од петок е можен и слаб локален дожд.

Во среда дневната ќе достигне до 21 степен, четврток 23, петок 20, сабота 21 и недела 23 степени. Утринската во среда ќе биде од -2 до 5 степени, четврток од 0 до 6, петок од 3 до 8, сабота од 3 до 7 и недела од 2 до 7 степени.

Денеска времето е променливо облачно со сончеви периоди, во крајнит западни и југоисточни делови со услови за слб дожд, а на планините слаб снег. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува па во текот на ноќта ќе биде претежно ведро. Ќе дува слаб ветер од променлив, а попладне и во вечерните часови слаб доумерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски