ДКСК со иницијатива за нов Закон за Агенција за разузнавање

Од:

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе покрене иницијатива за донесување нов Закон за Агенција за разузнавање, нови подзаконски акти за уредување на сите прашања за вработување, унапредување, мобилност преку оценување, распоредување или преземање, информираше на денешната прес-конференција претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска и потенцира дека со тоа се запира постапката по предметот по неколку пријави поднесени за директорот на АР Еролд Муслиу.

Таа нагласи дека ДКСК долго работела по овие пријави за да се направи опсежна анализа, затоа што, подвлече, станува збор за многу чувствителна позиција.

Инаку, предметот е од 2019 година од ананонимна пријава, а се изразени сомневања и сознанија за корупција и судир на интереси на службени лица кои, информира Ивановска, ја злоупотребиле службената должност со цел да остварат корист за себе односно се против директорот на АР Муслиу за постоење индиции за постоење на ризик од корупција и искористување на податоци државна, службена и воена тајна, кога ја вршел функцијата помошник директор за координација на оперативните работи, задолжен и за меѓународна соработка на АР со странски партнери од 2016 до 2019 година.

-Не е доволно добра и јасна правната рамка за донесување и примена на подзаконските акти и на Колективниот договор по основ на вработување, унапредување и мобилност, преку распоредување или оценување и преземање. Обидот некои прашања да се доуредат со измени и дополнување на Колективен договор се покажале како неуспешни, изјави меѓу другото претседателката на ДКСК, Ивановска.

Би можело да ве интересира

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок